DxOMark ја рангираше камерата на Honor V30 Pro на престижната листа

Објавено на 22.01.2020 во Новости



DxOMark ја рангираше камерата на Honor V30 Pro на престижната листа

Huawei Mate 30 Pro 5G има најдобра камера на списокот на DxOMark со 123 поени, а на второ место е Honor V30 Pro со просек од 122 поени. Смартфонот на Honor има 133 поени за Photo и 100 за Video тестирањето, така што во просек излегува 122 на ранг листата на DxOMark.

Honor V30 Pro се одликува со тројна задна камера од 40MP+12MP+8MP телефото сензор, со ласерски автофокус, PDAF, оптичка стабилизација на сликата. Следните три места редоследно на списокот се Huawei Mate 30 Pro со 121 бод, Xiaomi MI CC9 Pro Premium Edition со 121 бод и iPhone 11 Pro Max со 117 поени. 





 
Најнови телефони
 
 


{}