Нов iPhone доаѓа веќе во март
Објавено на 22.01.2020 во Новости
Се погласни се дописите дека Apple во февруари ќе го финишира производството на новиот поевтин модел на iPhone 9 кој ќе биде надградба на iPhone 8 и е вон стандардната премиум понуда.
iPhone 9 најверојатно ќе биде презентиран на почетокот на март и до крајот на месецот ќе биде ставен во продажба со цена од околу 400 до 500 долари.
iPhone 9 ќе располага со Face ID скенер кој ќе го замени Touch ID скенерот на iPhone 8, ќе има подобар процесор но, во суштина во хардверот и камерата ќе нема големи промени.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.