Sony на MWC доаѓа со првиот 5G смартфон

Објавено на 22.01.2020 во Новости



Sony на MWC доаѓа со првиот 5G смартфон

Sony Mobile на претстојниот Светски мобилен конгрес кој во февруари ќе се одржи во Барселона ќе го претстави својот прв смартфон со 5G мобилна конекција, а како изненадување можно е да видиме повеќе вакви модели со различни карактеристики.

За главниот модел на Sony засега се познати малку информации меѓу кои дека ќе располага со 4K HD дисплеј, ќе работи со осум-јадрен Snapdragon 865 процесор со X55 5G модем, како и тројна главна камера со примарен сензор од 48 или 64 мегапиксели.

Автор: Aleksandar Stankov