Квалитетен дисплеј и врвната камера се главни одбележја на смартфоните од 2019

Објавено на 23.01.2020 во Новости



Квалитетен дисплеј и врвната камера се главни одбележја на смартфоните од 2019

Секој месец се презентираат нови модели во растечката индустрија на смартфони, но само тие што се најквалитетни може да привлечат внимание и да ја заслужат довербата на корисниците. Минатата година Samsung привлече внимание со своите уреди Samsung Galaxy S10 и Galaxy Note 10 сериите.

Quad HD+ AMOLED Infinity-O дисплејот го рангираше Galaxy S10+ на топ листите за најдобри смартфони за 2019 година, додека DisplayMate го оцени Galaxy S10 со највисока A+ оценка. Во независната анализа за најдобри смартфони, што го спроведе британското здружение на потрошувачи Which?, Galaxy S10 5G го зазеде првото место, по кое следуваат Galaxy Note 10+ 5G и Galaxy S10+. Сите уреди од Galaxy S10 и Note 10 серијата се означени со титулата Best buy, која се доделува за одличен квалитет и врвни перформанси во споредба со цената.