Макрон му попушти на Трамп: Франција паузира со наплата од дигиталниот данок

Објавено на 23.01.2020 во Новости



Макрон му попушти на Трамп: Франција паузира со наплата од дигиталниот данок

Франција оваа година ќе ја стопира наплатата на дигиталниот данок за да избегне американски санкции и даде повеќе време за пронаоѓање на глобален договор во склоп на Организацијата за економска соработка и развој (OECD).

Данокот останува, но плаќањето на ратите предвидени во април и ноември е спречено за да се даде време за преговори во OECD, објаснува францускиот извор на денот после телефонскиот разговор со францускиот претседател Емануел Макрон и американскиот Доналд Трамп. За тоа во среда во Давос ќе разговараат францускиот министер за финансии Бруно Ле Мар и американскиот колега Стивен Мнучин.