Apple ќе го претстави новиот модел на iPhone SE2 во март

Објавено на 23.01.2020 во Новости



Apple ќе го претстави новиот модел на iPhone SE2 во март

Apple ќе го претстави новиот модел на iPhone сега во март, додека масовното производство почнува следниот месец. Нема да биде тоа наследник на 11 серија со моќен хардвер, туку ќе биде смартфон со помали димензии и прифатлива цена. 

Тоа ќе биде наследникот на SE моделот, кој би можел да се вика iPhone SE2, кој ќе биде базиран на дизајнот на iPhone 8 и хардверот од последната генерација на смартфони. Би требало да има 4,7 инчен дисплеј со Home типка, во која ќе го има сензорот за отпечатоци на прсти и камера одозгoра. 





Прочитајте повеќе: