Google спрема поевтин модел од својот најдобар смартфон
Минатата година покажа дека повеќето луѓе не сакаат да даваат многу пари за нови модели на смартфони и не ги менуваат често своите смартфони, туку ги користат истите по три години или четири. Со оглед на тоа што на пазарот се достапни бројни телефони од средна, па дури и од пониска категорија, таквите уреди чинат понекогаш и 2-3 пати помалку во споредба со најмоќниот iPhone, што е логичен избор за корисниците.
Google спрема нов Pixel модел, кој ќе се нарекува Pixel 4a. Се уште не е познато што ќе има под хауба. Се очекува да биде со Snapdragon 730 процесор со 5G поддршка, 5,7 инчен дисплеј, една квадратна задна камера и една предна камера, со 3,5 мм џек за слушалки. Официјалното претставување на Pixel 4a го очекуваме на I/O конференцијата во текот на мај.