Продажбата на 5G телефоните ќе биде 50% за 3 години

Објавено на 24.01.2020 во Новости



Продажбата на 5G телефоните ќе биде 50% за 3 години

5G мрежата ќе овозможи нови опции во дигиталната економија, а овој пазар во моментот се формира и уште не е готов за масовна употреба. Сепак, тоа зависи и од самите земји колку се посветиле на развој на инфраструктура. 

Како што луѓето не купуваат толку често нови смартфони, прашање е дали оваа година ќе вложат во 5G уред за да сурфаме со големи брзини или да купиме класичен телефон и да сурфаме на 4G. Аналитичарите од Gartner прогнозираат дека уделот на 5G телефоните на пазарот во 2020 година ќе изнесува само 12% од вкупната продажба на смартфони. 5G уредите до 2022 година ќе бидат застапени 43%, а за 3 години од сега ќе стигнат до 50% застапеност на пазарот.

Автор: Aleksandar Stankov