Пазарната вредност на Tesla Inc го надмина VW

Објавено на 24.01.2020 во Новости



Пазарната вредност на Tesla Inc го надмина VW

Tesla Inc. е втората највредна автомобилска компанија во светот. Во средината на 2019 година, генералниот директор на Volkswagen, Херберт Диес, наводно размислувал за купување на удели во Tesla. Со оглед на тоа што германската компанија вложува милијарди долари во електрификација, јасно е дека експертите од Tesla и технологијата би можеле многу да помогнат во транзицијата кон електричните возила.

Од Volkswagen не ја потврдуваат веста за директорот на германската групација, но сметаме дека медиумите не пренеле погрешно со оглед на тоа што вредноста на Tesla ја надмина вредноста на Volkswagen. Цената на акциите вчера изнесуваше 570 долари, додека пазарната вредност на Tesla Inc. надмина 103 милијарди долари. Пазарната вредност на Volkswagen е помала од 90 милијарди долари, така што германската компанија падна на третото место. На прво место е Toyota со вредност од 200 милијарди долари.





 
Најнови телефони
 
 


{}