Се планираат продолжени и поголеми санкции за Huawei

Објавено на 26.01.2020 во Новости



Се планираат продолжени и поголеми санкции за Huawei

САД планираат да ги продолжат наметнатите санкции против Huawei што во голема мера ја блокираше соработката со американски компании, а со тоа и пристап до соодветен хардвер и софтвер.

Новите смартфони на Huawei веќе немаат пристап до Google Play и ја користат само општата лиценца за Android. 

Од друга страна пак, американските компании се жалат на санкциите бидејќи не може на Huawei да му продаваат технологија и опрема,  посбено во делот на мобилни процесори.

Huawei веќе наоѓа замена за американски софтвер и хардвер но, се повеќе постојат грижи дека продажбата се намалува. Кина може да одговори со санкции против американски компании во делот на продажба на смартфони и апликации

 

Автор: Aleksandar Stankov