Новиот амбициозен план на Huawei е да биде конкурент на Tesla Inc.
Huawei ја лансираше својата стратегија за производство на смарт автономни автомобили. Huawei истакнува дека гледа сега шанса како со помош на 5G/LTE-V технологијата и развојот на C-ITS асистенција во возењето, со интелигентно гласовно управување, да произведе нова генерација на автомобил и на тој начин да му стане главен конкурент на Tesla Inc.
„Нашата примарна цел е развојот на технологијата што ни овозможува возење без возач, со истовремена работа на долгорочниот напредок од таквата технологија. Tesla моментално создава вредност за сите. Ако Tesla го може тоа, можеме и сите да се вклучиме во тоа“, изјави претседателот на Huawei, Су Жиџун.
Huawei за новиот предизвик потпишал соработка со компаниите SAIC и China Mobile, а смета и дека со брзиот развој на технологијата ќе може да ја прошири соработката на бројни постоечки автомобилски компании.