Протекоа спецификациите за новиот Lenovo M10

Објавено на 27.01.2020 во Новости



Протекоа спецификациите за новиот Lenovo M10

Lenovo M10 FHD REL е новиот модел на таблет кој располага со 10 инчен FHD IPS дисплеј, 5MP предна камера и 8MP задна камера. Се уште не сме сигурни дали ќе го имаме овој модел на европски пазар.

Под хауба има Snapdragon 450 процесор, 3GB RAM и 32GB ROM меморија за лични податоци, која може да се надополни со microSD влезот. Android 9 Pie е оперативниот систем, батеријата има огромен капацитет од 7000mAh, додека цената ќе биде 180 евра. 





Прочитајте повеќе: