Motorola се очекува да лансира смартфон со стилус
Објавено на 27.01.2020 во Новости
Slashleaks открива дека Motorola Mobility најверојатно ќе лансира нов модел на смартфон, именуван Edge+, за Verizon. Се уште нема многу информации за овој иден модел на компанијата на Lenovo.
Познато е дека ќе има заоблени рабови, како што вели и самото име, ќе има punch-hole за камерата од предната страна и ќе биде со стилус, каков што е S Pen на Samsung од Note серијата.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.