Redmi подготвува свој рачен смарт уред двојно поевтин

Објавено на 28.01.2020 во Новости



Redmi подготвува свој рачен смарт уред двојно поевтин

Redmi како суб-бренд на Xiaomi наскоро ќе го лансира својот прв рачен смарт уред за кој засега има дилеми дали ќе биде паметен часовник со целосни функции или пак ќе биде смарт алка за фитнес поврзување.

Новиот смарт рачен уред на Redmi веќе доби сертификат што значи дека наскоро ќе биде претставен и промовиран со прилично ниска цена.

Уредот ќе има NFC конекција, Bluetooth, како и повеќе специјализирани сензори.