Првиот iPad беше претставен пред точно 10 години

Објавено на 28.01.2020 во Новости



Првиот iPad беше претставен пред точно 10 години

Денес е 10 годишнината од претставувањето на првиот таблет од iPad серијата, ексклузивно презентиран од Стив Џобс во Сан Франциско. Ова беше една од најголемите премиери на лидерот на Apple. Целта на Џобс со овој модел беше да се креира уред што ќе биде хибрид од смартфон и лаптоп, но со одредени предности во споредба со претходно наведените.

iPad на пример е одличен таблет кој понуди подобро искуство со читање на интернет, прегледување мејлови, разгледување фотографии, гледање филмови, играње игри и друго. Првиот iPad беше со дисплеј од 9,7 инчи, Apple A4 процесор, 256MB RAM меморија, внатрешна меморија од 64GB и 10 часа траење на батеријата. 





Прочитајте повеќе: