Дали со 5G технологијата ќе ни биде подобро за живеење

Објавено на 29.01.2020 во Новости



Дали со 5G технологијата ќе ни биде подобро за живеење

5G технологијата значи дека хирургот може да оперира пациент на друг континент, што значително може да го подобри и да го олесни здравството, а за бизнис секторот и да не зборуваме. Проблемот е тоа што демонстрантите против 5G тврдат дека новата технологија ќе зрачи многу повеќе, со што ќе станеме поранливи и ќе имаме повеќе заболени луѓе.

5G мрежата на интернет овозможува многу побрз интернет и брз трансфер на податоци, што значи дека бизнисот побрзо ќе се движи и технологијата ќе се развива побрзо. Доколку кажеме дека 5G ни е потребна во медицината, ова би било малку контроверзно. Зошто? Оти од една страна ова е штетно за луѓето, а од друга страна може многу да ни помогне. 

Автор: Aleksandar Stankov