ЕУ ја прифати Резолуцијата за универзалниот полнач на мобилни

Објавено на 01.02.2020 во Новости



ЕУ ја прифати Резолуцијата за универзалниот полнач на мобилни

Европскиот Парламент ја изгласа резолуцијата што значи крај на 10 годишната борба за правата на потрошувачите. Изгласана е Резолуцијата за универзалниот полнач за мобилна радио опрема. Се проценува дека на пазарот на ЕУ постојат над 500 милиони смартфони, таблети и слични уреди, кои пред да започне Европската комисија со доброволен процес на воедначување, каде моментално постојат 30 различни видови на полначи.

Само за таа намена во Европа годишно се генерирале над 51.000 тон електронски отпад. Со оглед на тоа што со текот на годините се зголемувал бројот, но и брзината на менување на различните уреди по корисни, универзалниот полнач е важен чекор напред и кон остварувањето на амбициозните цели за зелена економија.