Facebook ќе плати казна за Face Recognition

Објавено на 02.02.2020 во Новости



Facebook ќе плати казна за Face Recognition

Facebook е подготвен да плати казна од половина милијарди американски долари во судскиот спор кој се води против нив за неовластена употреба на софтверот за препознавање на лица на сликите кои ги објавуваат корисниците.

Face Recognition технологијата беше воведена во 2011 година и била применета без барање согласност од страна на корисниците.

Веднаш беше поведена колективна судска постапка против Facebook, па затоа сега Цукерберг сака спогодбено да го реши спорот со исплата на оштета од 550 милиони.