Facebook се дига во борбата против коронавирусот

Објавено на 03.02.2020 во Новости



Facebook се дига во борбата против коронавирусот

Како што коронавирусот се шири низ светот, така и низ интернет се шират најразличните информации за него. Се разбира, информациите на социјалните мрежи не се баш најточни. Така објавите на Facebook за кои се утврдува дека се лажни ќе имаат помал опсег, а на луѓето ќе им бидат прикажувани точни информации.

Од Facebook истакнуваат дека ќе се известуваат луѓето што споделуваат лажна или неточна содржина, а доколку таа содржина би можела да им наштети на луѓето, ќе бидат отстранети. На пример, содржината во која се наведуваат неточни информации за начините во спречување на ширење на вирусот со пиење на варикина, веднаш ќе биде избришан.