Ако добиете "koronavirus e-mail" не отварајте го!

Објавено на 03.02.2020 во Новости



Ако добиете "koronavirus e-mail" не отварајте го!

Поради епидемијата на коронавирусот се подигна паника и во дигиталниот свет. Безбедносните експерти утврдија брзо ширење на злонамерната програма и тоа преку мејлот "koronavirus". Пораката најпрво се појави во Јапонија, а сега ја има и низ цел свет. 

Во истата пишува дека во нивниот регион е утврдена зараза со коронавирус и затоа се повикува корисникот да го преземе документот што содржи „мерки за превенција“. Се разбира, тоа е измама. Кога корисникот ќе го преземе документот и ќе го отвори, му се јавува предупредување дека форматот на документот не е поддржан и дека треба рачно да се овозможи прегледување на документот. Токму тоа е клучното, по што се инсталира малвер, кој потоа добива пристап кон сите приватни податоци на корисникот.