Sony за празниците ја удвоил проджбата на смартфони
Објавено на 04.02.2020 во Новости
Sony Mobile кој сега е целосно интегриран во корпоративната структура на Sony имаше позитивна празнична сезона со двојно повеќе продадени Xperia смартфони во споредба со периодот октомври-декември 2018 година.
Sony Mobile за последните три месеци од 2019 успеал да продаде вкупно 1,3 милиони смартфони, што е двојно повеќе споредено со истиот период за претходната година кога биле продадени 600 илјади примероци.
Јапонскиот бренд ќе продолжи со претставување на нови смартфони веќе кон крајот на овој месец на сцената на Светскиот мобилен конгрес во Барселона.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.