MWC 2020: Кои телефони и компании да ги очекуваме во Барселона

Објавено на 05.02.2020 во Новости



MWC 2020: Кои телефони и компании да ги очекуваме во Барселона

Мобилната технологија се причестува на најголемиот настан во годината - Mobile World Congress во Барселона. Mobile World Congress започнуван а 24 февруари и еве што да очекуваме од MWC 2020:

Samsung ќе го открие новиот Galaxy S20 на 11 февруари, што значи дека MWC нема да биде првото место за да ги видиме новите телефони. Galaxy Z Flip исто така ќе биде откриен со Galaxy S20 моделите, но не е познато дали ќе биде во ист ден, или неколку недели после S20. Значи, ако не го видиме Flip на 11 февруари, тогаш ќе го почекаме на MWC.

LG најави дека нема да присуствува на MWC поради коронавирусот. Компанијата ќе држи свој настан и наскоро ќе ги објави своите нови модели истовремено - LG G8 и LG V50. 

HMD Global полека и сигурно ја враќа љубовта и почитта од корисниците. На MWC 2020 ќе го открие новиот Nokia 9.2, првиот модел со селфи камера скриена директно под дисплејот.

Huawei ќе го претстави новиот Huawei P40 и покрај проблемите со Google и поддршката за Android. 

Sony ќе лансира нов предводник, кој се уште е мистерија. Најверојатно тоа ќе бидат Sony Xperia 1.1 и Sony Xperia 5 Plus.

Microsoft ќе ги претстави Surface Duo и Surface Neo, преклопни уреди, кои претходно беа Android, а последниве ќе бидат со Windows 10X оперативен систем. Би требало да излезат за летната сезона во 2020 година. Компанијата би можела да ги претстави на MWC.