Viber ја најави My Notes – организација на секојдневието од една апликација
Објавено на 06.02.2020 во Новости
Rakuten Viber ја најави најновата услуга My Notes, која ќе помогне да се организираат големите и малите моменти и спомени, да се поедностават дневните задачи и да се продлабочат односите со милите луѓе и корисниците од цел свет.
Viber истакнува дека во секојдневието примаме пораки, повици и видеа постојано, затоа ни треба помошник за организирање и олеснување го извршувањето на сите задачи. Луѓето не сакаат да преземаат посебна апликација за таа намена, затоа е тука My Notes, посебно место на корисничката чет листа, која помага да се задржаат различни to-do листи, фотографии, потсетници и друго. Сето тоа ќе ви биде на едно место.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.