За Facebook, Instagram е фабрика за пари!

Објавено на 06.02.2020 во Новости



За Facebook, Instagram е фабрика за пари!

Ниту YouTube не му е рамен на Instagram. Google објави дека YouTube заработил 15 милијарди долари во 2019 година, но со оглед на тоа што мора да ги подели тие пари и на оние што објавуваат и ги монетизираат своите видеа, не е познато колку остануваат чисти пари на компанијата.

Facebook заработува многу повеќе од Instagram. Нема официјални информации од компанијата на Марк Цукерберг, туку до овие податоци е дојдено преку новинарите од Bloomberg. Според нив, Instagram е многу подобар од YouTube и во текот на 2019 година, заслужни се со над 25% од вкупните приходи на Facebook. Рекламите на Instagram се прикажуваат меѓу Stories, меѓу објави на почетниот екран, на explore tab, при што приходите од рекламите минатата година изнесувале дури 20 милијарди долари. Не само што Instagram заработил повеќе од YouTube, туку мора да се напомене и дека Instagram не ги плаќа своите креатори, како што сервисот на Google го прави тоа.





 
Најнови телефони
 
 


{}