Instagram ќе ви помогне кого да отследите

Објавено на 07.02.2020 во Новости



Instagram ќе ви помогне кого да отследите

Instagram воведува нова услуга за преглед на луѓето кои ги следите во различни категории при што се додава и листата на луѓе со кои имаат најмалку интеракција на социјалната мрежа.

Доколу овие контакти повеќе не се од ваш интерес може да ги отследите на Instagram и нивните слики и сторија повеќе нема да ви се појавуваат во полето со информации.

Според Instagram овој новитет е направен со цел да бидете поблиску со со луѓето кои во моментот ви значат односно заедницата од која сакате да бидете дел.