Радикално поинаков iPhone: Прв чекор кон Apple телефон на преклоп

Објавено на 07.02.2020 во Новости



Радикално поинаков iPhone: Прв чекор кон Apple телефон на преклоп

Иднината на мобилниот пазар припаѓа на уредите со екрани на преклоп. Револуцијата почна минатата година кога Huawei и Samsung ги претставија своите први модели на преклоп. Во 2020 година може да очекуваме нови телефони на преклоп.

До овој момент имаме дизајн на телефон што се претвара во таблет кога ќе се отвори, а ги има и оние што се отвараат вертикално, кои беа популарни пред 15 години. Тогаш популарен беше Motorola Razr, а сега е активиран исто така овој ретро дизајн во модерна верзија. Apple исто така размислува за ваков екран, објавен е патент на Apple за електронски уред со флексибилен екран. Компанијата на Тим Кук е позната по тоа што не се брза со примена на новите технологии додека не ги усоврши за да бидат спремни за пазарот.





Прочитајте повеќе: