Со iPhone и Apple Watch ќе ги отклучуваме автомобилите

Објавено на 07.02.2020 во iOs



Со iPhone и Apple Watch ќе ги отклучуваме автомобилите

Apple работи на иновацијата да не мора да го земаме клучот од автомобилот со нас, за да можеме да го отклучуваме автомобилот со телефонот. Опцијата откриена во бета верзијата на iOS 13.4 за девелопери е наречена CarKey и, како што вели самото име, ќе го претвори вашиот iPhone и Apple Watch во клуч со кој едноставно ќе може да го отклучите, заклучите и покренете автомобилот.

Apple веќе соработува со неколку производители на автомобили, конкретно за моделите со поддршка за NFC технологија. Тим Кук веќе спрема опции што официјално треба да бидат достапни со објавата на конечната верзија на iOS 13.4. За отклучување на автомобилот нема да ви треба Face ID, туку ќе биде доволно само да го доближите телефонот до делот на возилото каде што е сместен NFC читачот. При првото упарување треба да го активирате Wallet и при доближувањето на телефонот ќе се појави опцијата CarKey, по што ќе се активира апликацијата на производителот. Кога виртуелниот клуч е активен на iPhone, ќе може едноставно да се додаде и на Apple Watch.





 
Најнови телефони
 
 


{}