Илон Маск на Twitter го исмева WhatsApp
Објавено на 08.02.2020 во Новости
WhatsApp последниве недели е на мета на критики затоа што тврди дека апликацијата е со енкрипција, но сепак беше хакиран профилот на Џеф Безос поради низа безбедносни пропусти. Очигледно е дека WhatsApp и не е толку безбедна апликација за допишување како што тврдат во Facebook.
Илон Маск на својот Twitter профил објави слики со новите емотикони што треба да пристигнат на WhatsApp оваа година. Со коментар на новите емотикони додаде и последен емотикон „бесплатно хакирање на телефонот“.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.