Франција го казни Apple со 25 милиони евра поради забавување на iPhone

Објавено на 09.02.2020 во iOs



Франција го казни Apple со 25 милиони евра поради забавување на iPhone

Француското тело за заштита на потрошувачите одреди парична казна од 25 милиони евра за американскиот производител на потрошувачка електроника Apple. Компанијата на Тим Кук не ги известила корисниците на постарите верзии на iPhone дека ажурирањето на новата верзија на оперативен систем ќе го забави нивниот уред.

Apple пред две години призна дека неговиот iOS ги забавува старите iPhone телефони, особено оние што се со послаба батерија. После спроведената истрага и признанието од Apple, заклучено е дека сопствениците на iPhone не биле информирани дека инсталирањето на најновите верзии на оперативен систем ќе ги забави нивните уреди. Сопствениците на постари модели на iPhone размислуваат за подигнување на тужби поради оваа причина.





 
Најнови телефони
 
 


{}