Xiaomi Mi 10 официјално пристигнува на 23 февруари

Објавено на 10.02.2020 во Новости



Xiaomi Mi 10 официјално пристигнува на 23 февруари

Xiaomi официјално потврди дека на 23 февруари ќе ја одржи главната промоција за оваа година со претставувањето на новите премиум смартфони Xiaomi Mi 10 и Xiaomi Mi 10 Pro кои ќе го носат предизвикот да се натпреваруваат со најмоќните. 

Промоцијата на Xiaomi Mi 10 и Xiaomi Mi 10 Pro на глобално ниво ќе се одржи за време на презентациите на MWC 2020 во Барселона. На домашно тло поради ширењето на корона вирусот промоцијата на Xiaomi Mi 10 и Xiaomi Mi 10 Pro ќе се одржи само онлајн, и нивната продажба ќе започне веднаш.

Главните адути на Xiaomi Mi 10 ќе бидат главната камера со 108 мегапиксели како и најмоќниот осум-јадрен Snapdragon 865 процесор. 

Автор: Aleksandar Stankov