Samsung премиерно го претстави Galaxy Z Flip на Оскарите

Објавено на 10.02.2020 во Новости



Samsung премиерно го претстави Galaxy Z Flip на Оскарите

Samsung не изненади за време на свеченото доделување на награди од филмската академија што се одржа во Лос Анџелес. Samsung ги изненади сите во салата со својот преклопен телефон , за кого премиерата ќе ја има утре на Unpacked настанот во Сан Франциско.

На видеото од половина минута не се спомнува официјално името на новиот уред, но ни дава увид во потенцијалните можности. Погледнете го видеото одозгора со Samsung Galaxy Z Flip. Неговата цена би требало да биде од 1400 до 1500 долари.