Huawei ќе ги прединсталира само најпопуларните апликации од Play Store

Објавено на 10.02.2020 во Android



Huawei ќе ги прединсталира само најпопуларните апликации од Play Store

Huawei ќе почне со прединсталација на неколку во смартфоните, со цел да се ублажи проблемот со недостаток на апликации од Google Play Store. Апликациите нема да бидат исти во сите области. Се зависи од областа во која ќе се продаваат уредите.

Апликациите би можеле да бидат до 70 на број отприлика, само најпопуларните Play Store апликации, при што ќе има многу алтернативни апликации. Се уште немаме официјално потврдена информација од Huawei за овие работи, затоа останува да видиме каква ќе излезе официјално P40 серијата.

Автор: Aleksandar Stankov