Бил Гејтс ја купи првата суперјахта на водород за 644 милиони долари

Објавено на 11.02.2020 во Новости



Бил Гејтс ја купи првата суперјахта на водород за 644 милиони долари

Sinot Aqua е најновата суперјахта во сопственост на американскиот милијардер и ко-основач на Microsoft, Бил Гејтс. Тој ја плати суперјахтата дури 644 милиони долари, која располага со супер дизајн од внатрешноста. Со купувањето на овој брод, Гејтс стана првиот сопственик на брод со течен водород.

Суперјахтата има пет луксузно уредени палуби, 320 км/час и може да преплови дури 6750 километри пред повторно да се наполни со гориво. Долга е дури 112 метри, а во себе има два вакумски изолирани резервоари за течниот водород, тешки по 28 тони, кои ја одржуваат температурата на водородот на стабилни -258,89 степени Целзиусови.