Microsoft не ги смета Sony и Nintendo за конкуренти на гејминг пазарот

Објавено на 11.02.2020 во Игри



Microsoft не ги смета Sony и Nintendo за конкуренти на гејминг пазарот

На крајот на 2020 година ќе имаме нови генерации на гејминг конзоли од Microsoft и Sony. Новите модели на PlayStation и Xbox ќе привлечат милиони гејмери. Со сета почит кон Nintendo и Sony, шефот на одделот за Xbox, Фил Спенсер, вели дека не ги третира двете компании како конкуренција.

Microsoft ги издвојува Google и Amazon како идна конкуренција со кои ќе се бори, затоа што тие имаат cloud инфраструктура. Тоа значи дека оние што произведуваат хардвер нема да бидат фактори,  туку оние што ќе овозможат голема меморија и моќни перформанси преку стриминг услуги. 





 
Најнови телефони
 
 


{}