Sony нема да држи промоции на MWC 2020 во страв од корона вирусот

Објавено на 11.02.2020 во Новости



Sony нема да држи промоции на MWC 2020 во страв од корона вирусот

Sony Mobile е уште еден од мобилните брендови кој целосно се откажа од одржување на промотивни настани за време на Светскиот мобилен конгрес во Барселона кој треба да се реализира кон крајот на овој месец.
Фановите како и присутните на големиот сам очекуваа Sony да го претстави новиот премиум смартфон Sony Xperia 1.1, но останува да се следи само негова онлајн промоција без презентација на сцена на сите негови можности.
Свое повлекување од MWC 2020 поради заканата за ширење на корона вирусот веќе направија LG, Amazon, Nvidia, Ericsson, Intel, vivo, MediaTek. Од друга страна пак, Xiaomi посочи дека презентацијата ќе ја одржат вработени од европските канцеларии како и високи претставници на компанијата од Кина кои во последните две недели не покажале симптоми на корона вирусот.