Лансиран Redmi 8A Dual со двојна камера
Објавено на 11.02.2020 во Новости
Redmi како суб-бренд на Xiaomi го лансираше новиот Redmi 8A Dual смартфон кој како главен новитет ја нуди подобрената двојна главна камера на задната страна во однос на ланскиот модел, а исто така има и фантастична батерија со мега капацитет од 5000 mAh.
Главната камера на Redmi 8A Dual е составена од сензори со 13 мегапиксели и 2 мегапиксели за длабочина, додека пак селфи камерата има 8 мегапиксели.
Redmi 8A Dual доаѓа со 6.22 инчен HD+ LCD дисплеј, работи со Snapdragon 439 процесор, 3 GB RAM и AI Face Unlock.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.