Новата Galaxy S20 серија на Samsung целосно спремна за 5G мрежата

Објавено на 12.02.2020 во Новости



Новата Galaxy S20 серија на Samsung целосно спремна за 5G мрежата

На посебниот Unpacked настан што се одвива во Сан Франциско, Samsung синоќа ги претстави новите премиум уреди од Galaxy S серијата - S20, S20+ и S20 Ultra, за кого претходно пишувавме. Секој уред од Galaxy S20 серијата - Galaxy S20, Galaxy S20+ и Galaxy S20 Ultra - доаѓаат со најновата 5G технологија и Galaxy S20 го претстави новиот систем на камерата со AI-технологија и најголемиот сензор за одлична камера.

„Со влегувањето во новата деценија, 5G целосно ќе го промени начинот на кој комуницираме и го доживуваме светот околу нас. За прв пат целата Galaxy S20 серија доаѓа со можност за 5G поврзување“, изјави Тае Мун Роу, претседател и извршен директор за ИТ и мобилни комуникации во Samsung Electronics. 

Galaxy S20 серијата ги претставува новите можности на камерата, која ја комбинира вештачката интелигенција со најголем Samsung сензор и фасцинантен квалитет на фотографиите. Galaxy S20 серијата така овозможува поедноставно и напредно искуство од секојдневното користење на смартфоните, од персонализиран избор на музика, оптимизација при репродукција на виде записите и играњето на видео игри.

Автор: Aleksandar Stankov