Неверојатна камера, 8К видео, 5G технологија и AKG аудио систем

Објавено на 12.02.2020 во Новости



Неверојатна камера, 8К видео, 5G технологија и AKG аудио систем

Камерата на Galaxy S20 нуди супер висока резолуција од 64MP кај Galaxy S20 и Galaxy S20+, која јасно ги открива сите детали на фотографијата и има зголемени сензори за светлина, со цел сликите да имаат висок квалитет при слаб извор на светлина. 

Благодарение на binning технологијата, S20 има можност за динамична промена на резолуцијата од 108MP во 12MP, комбинирајќи девет пиксели во еден. Со Space Zoom технологијата што користи комбинација од Hybrid Optic Zoom и Super Resolution Zoom спецификациите што ги покренува AI, на корисниците им е овозможена неверојатно количество на приближување на фотографиите. 

Galaxy S20 и S20+ може да снимаат фотографија зголемена и до 30 пати, додека Galaxy S20 Ultra со помош на преклопнтие леќи и AI процесирањето на сликите креира чисти и прецизни фотографии со зголемување и до 100 пати. Со Single Take технологија, Galaxy S20 може да снима бројни фотографии и видеа со спецификации како што се фокус во живо, ултра широко фотографирање и уште многу повеќе, како и со помош на AI да ги одберат најновите фотографии и видеа. 

Galaxy S20 овозможува 8K снимање на видеа, кои може да се стопираат и да се направат 33MP фотографии или да го погледнете видеото на Samsung QLED 8K телевизор. Galaxy S20 овозможува и појасен видео запис од Super Steady 2.0 спецификацијата, со стабилизација на видео записот и AI анализата на движењата. Со новата интеграција на Spotify и Bixby, корисниците лесно може да пристапат кон својата омилена музичка листа. Со помош на Music Share опцијата, корисниците може да ја прошират упарената Bluetooth врска на автомобилски стерео уред или звучник преку својот уред.

Со Galaxy S20 имате екран од 120 Hz, при што може одлично да играте без проблеми, а од оваа пролет, Microsoft, партнерот на Samsung, ќе ја претстави својата популарна видео игра Forza Street во Galaxy Store, за прв пат на смартфон. Под хаба има 12GB RAM, AKG аудио систем и гејминг платформа, која работи во позадина, оптимизирајќи ги поставките за врвни перформанси. Има Samsung Knox и новиот брз и безбеден процесор - Guardian Chip, и 25W брз полнач. 128GB меморија има Galaxy S20, а Galaxy S20+ доаѓа со 128GB или 512GB. 





 
Најнови телефони
 
 


{}