Essential официјално е мртов бренд

Објавено на 13.02.2020 во Новости



Essential официјално е мртов бренд

Essential како еднократен хит во светот на смартфоните не успеа да создаде поголемо наследство зад себе и да продолжи да лансира нови мобилни уреди.

Компанијата во чие основање учествуваше и Енди Рубин официјално потврди дека оди под клуч. Рубин е познат како креатор на оперативниот систем Android кој го напушти Google за да развива сопствен смартфон како Essential PH-1 но, беше обвинет за сексуални злоупотреби.

Корисниците на PH-1 повеќе нема да добиваат безбедносни надградба на софтверот ниту било каква корисничка поддршка.