САД додава нови точки во обвинението против Huawei

Објавено на 14.02.2020 во Новости



САД додава нови точки во обвинението против Huawei

Ново обвинение е поднесено во сојузниот суд во Бруклин во Њујорк. Huawei се обвинува за завера поради кршење на законот RICO, кој се занимава со организиран криминал и рекет, како и поради кражба на трговски тајни од шест американски технолошки компании.

Новите точки на обвинението се и за наводно делување на компанијата во државите што се под санкции, како што се Северна Кореја и Иран. Huawei, најголемиот производител на телекомуникациска опрема, минатата година беше прогласен за невин за обвинението поднесено во јануари 2019 за банкарска и телекомуникациска измама, кршење на санкциите против Иран и опструкции на правосудбата.

Автор: Aleksandar Stankov