MWC: „Откажавме поради виша сила“, а шпанската влада: „Немаше потреба од откажување“

Објавено на 14.02.2020 во Новости



MWC: „Откажавме поради виша сила“, а шпанската влада: „Немаше потреба од откажување“

Официјално поради страв од ширење на коронавирусот е откажана телекомуникациската конференција Mobile World Congress (MWC) во Барселона. Организаторите се соочуваат со потенцијални финансиски тужби од домаќините и изложувачите. Тие истакнаа дека до откажување дошло поради „виша сила“.

„Оваа ситуација се случи поради виша сила. Нема да погодуваме, ќе видиме што е одредено во договорите. Ќе го анализираме секој од нив. Се уште не сме ги проучиле трошоците. Конгресот го откажавме поради епидемијата“, вели Џон Хофман, претседателот на Здружението на телекомуникациски компании GSMA, која го организира конгресот и конференциите за медиуми во Барселона.

Годишниот конгрес на технолошката индустрија и телекомуникации во Барселона, доведува над 100.000 посетители, кој се одржува од 24 до 27 февруари. Откажан е поради страв од коронавирусот. GSMA ја донесе одлуката поради откажување на доаѓањето на компаниите како што се Deutsche Telekom, Vodafone, BT и Nokia. Претставничката на шпанската влада во Барселона, Тереза Кунилера, вели дека „не постои никаква опасност“ за организирање на конференции во тој град, како и во цела Шпанија. 





 
Најнови телефони
 
 


{}