Facebook Lite „потемне“ пред главната апликација

Објавено на 15.02.2020 во Новости



Facebook Lite „потемне“ пред главната апликација

Facebook ја започна глобалната надградба на мобилната апликација Facebook Lite со новата опција за Dark Mode за потемнување на сите содржини и менија.

Интересно е што Dark Mode доаѓа најпрво за основната апликација која тежи помалку и има ограничени функции за тие кои имаат слаба конекција, недоволно меморија или ограничен интернет.

Засега се уште нема јасни насоки кога главната мобилна апликација на Facebook ќе го добие целосниот третман на Dark Mode опцијата.