Outlook за Android подобро ќе се бори со спамот

Објавено на 16.02.2020 во Новости



Outlook за Android подобро ќе се бори со спамот

Мобилната апликација на Outlook за Android доби нова подобрена верзија која засилено ќе се бори со спам пораките, а со тоа ќе ја зголеми и безбедноста на приватноста и податоците на самите корисници.

Во делот на Junk е-маил каде што ќе пристигне вообичаено спам пораката корисниците на Android сега ќе може да направат и пријава за испраќачот, па така системот на Microsoft подобро ќе препознае кои пораки се злонамерни и ќе преземе чекори за нивно блокирање и предупредувања за да не стигнат до останатите корисници.

Во поглед на заштита од спам пораките треба да знаете дека никогаш не треба да споделувате лични информации со институции или компании преку е-маил без оглед колку пораките личат „легитимни“.