Google под истрага за преземање на конкурентот Waze

Објавено на 16.02.2020 во Новости



Google под истрага за преземање на конкурентот Waze

Google по речиси седум години е подложен на нова истрага од страна на Федералната комисија за трговија на САД за преземањето на директниот конкурент за мапи и навигација Waze.

Google во 2013 година плати 1,1 милијарда долари за да го купи израелскиот стартап Waze кој нуди информации за сообраќајот во реално време, пријави од корисниците каде има полициски радари, каде има застој на патиштата и непроодност поради сообраќајни несреќи.

Истрагата на FTC доаѓа по иницијатива на британското тело за Слободна трговија кое утврдило дека Waze бил еден од главните конкуренти на Google, и бил пред склучување на клучни договори со Facebook и една засега неименувана компанија за мапи на нивните смартфони.

Сепак, Google вложи многу пари за компанија која речиси и да немаше приходи во САД, но има над 50 милиони корисници, значајни податоци за нивните навики за пласирање на реклами, а со текот на времето од Waze пренесе голем број на функции директно во Google Maps.