GSMA бара помош - Огромни загуби поради откажувањето на MWC

Објавено на 17.02.2020 во Новости



GSMA бара помош - Огромни загуби поради откажувањето на MWC

GSMA истакна дека е во голема финанска загуба по откажувањето на Светскиот мобилен конгрес поради ширењето на епидемијата на корона вирусот.

GSMA побара од мобилната индустрија да даде свој придонес во надминување на тешките моменти кои донесоа големи загуби, но и негативно салдо воопшто за Барселона.

Промоциите на нови смартфони кои требаше да се одржат се презакажани за помали настани кои ќе се емитуваат онлајн. Исто така има и голем број на пропаднати резервации за авионски билети, хотелски соби и планирани гостувања.