Бил Гејтс ужива во новото електрично Porsche Taycan

Објавено на 17.02.2020 во Новости



Бил Гејтс ужива во новото електрично Porsche Taycan

Основачот на Microsoft е познат филантроп и борец против климатските промени. Љубител е на автомобили, па до неодамна неговата богата колекција го додаде електричниот Porsche Taycan, првото електрично возило во неговиот арсенал.

„Тоа е мојот прв електричен автомобил и уживам во него. Моделот Taycan, како и секое Porsche, е вистински ѕвер на тркала со фантастични способности и перформанси на тркачки автомобили. Стотка фаќа за само 2,8 секунди, со максимална брзина од 260 км/ч, моторот изнесува 616КС, но благодарение на посебниот модул "launch control", таа изнесува 670, т.е. дури 750КС за најмоќната изведба на Taycan“, вели Бил Гејтс, во разговор со познатиот youtuber, Маркез Браонли.

Замислете, не падна на компанијата на Илон Маск, туку се одлучи за вечниот класик Porsche.