Instagram кешираше рекордни 20 милијарди долари приход
Објавено на 17.02.2020 во Новости
Facebook кешира 20 милијарди долари приходи од Instagram, највредната аквизиција што ја има извршено досега. Тоа е еднакво на една четвртина од вкупниот приход на компанијата на Марк Цукерберг.
Тоа значи дека Instagram го надмина YouTube, најголемиот видео сервис на сите времиња, во сопственост на Google. YouTUBE заработи 15,1 милијарда долари, што е за 5 милијарди помалку од Insta. Очигледно Instagram се претвори во платформа каде се чатува на големо и се објавуваат кратки и поголеми видеа, а компаниите дефинитивно тријат раце за да се рекламираат овде и да добијат повисока продажба.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.