Huawei останува во Барселона за промотивните настани
Објавено на 17.02.2020 во Новости
Huawei ќе одржи самостојни презентации на нови смартфони како што планираше во Барселона без оглед на целосното откажување на Светскиот мобилен конгрес кој требаше да започне следната недела, но нема да се одржи поради страв од ширење на зараза со корона вирусот.
Главната прес конференција ќе ја одржи Ричард Ву директорот на Huawei на 24 февруари, а настанот ќе се емитува во живо на социјалните мрежи. Исто така за тие што лично ќе присуствуваат ќе има и демонстрација на новите уреди.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.