Google Maps прикажува мапи врз политички погледи

Објавено на 17.02.2020 во Новости



Google Maps прикажува мапи врз политички погледи

Google Maps на корисници од различни држави може да им прикаже различни граници врз основа на тоа од каде потекнуваат и пристапуваат кон апликацијата согласно политичките погледи.

Еден од најеклатантните примери е со приказот на границите на оспорената територија на Кашмир која е поделена меѓу Индија и Пакистан, па така корисниците на Google Maps од овие земји имаат сосема различен поглед на тоа како изгледа нивната поделена област.

Од една страна Google одбегнува да биде обвинет од корисниците на милионските пазари во земји како Индија и Пакистан за пристрасност, но од друга страна придонесува во продлабочување на конфликтните зони и едностраниот поглед на политиката во која нема простор за компромис и наоѓање на решенија на долгогодишни спорови. 

Такви примери и за областа Крим која беше анектирана од Русија по одржаниот референдум за отцепување од Украина, но со различни погледи на границите во зависност од локацијата на корисникот, како и многу други.