Nubia Red Magic 5G ќе располага со 16 GB RAM

Објавено на 19.02.2020 во Новости



Nubia Red Magic 5G ќе располага со 16 GB RAM

ZTE можеби падна во втор план откако трката за ширење на 5G технологијата ја презеде Huawei, но тоа нема да ги спречи да лансираат одличен смартфон со супер брза мобилна мрежа, а со тоа и доста импресивен хардвер.

Тоа што досега протече како информација е дека претстојниот Nubia Red Magic 5G наменет пред се за гејмерите, но и тие кои сакаат врвен смартфон во високата класа е дека ќе има на располагање 16 GB RAM за непречено извршување на сите напредни задачи и мултитаскинг функции.

ZTE требаше новиот Nubia Red Magic 5G да го презентира на MWC 2020 но, по откажувањето на саемот треба да одреди нов датум на промоција која ќе се емитува и на социјалните мрежи.